Категории

Подводна градина на дното на морето – Се одгледуваат 700 видови билки

(ВИДЕО) Пластениците повеќе не се само за на земјата – ги има и на дното на морето.

Серџо Гамберини обожава две нешта: нуркање и градинарство. И успеа да го спои едното со другото. Недалеку од брегот на градчето Ноли во округот Савона, тој во „Градината на Немо“ како што ја нарекува, одгледува грав, домати, босилек, зелена салата и јагоди.

Претседателот на компанијата Ocean Rig Group, Серџо Гамберини во 2012 во текот на летувањето дошол до „луда“ идеа – под морето да одгледува билки. Бидејќи е многу нестрплив веднаш почнал да експериментира потопувајќи различни прозирни балони под вода и полнејќи ги со воздух. Чест прв да никне под вода имал босилекот – изданоците се појавиле после 48 часа.

Многу брзо и соработниците на Гамберини сфатиле дека ваквиот начин на одгледување билки може да биде многу корисен, особено таму каде што нема доволно обработливо земјиште. Затоа продолжиле со експериментирање и подобрување на проектот. За сега под вода успеале да никнат 700 билки.

Градината е поврзана со контролен систем на брегот што им овозможува на билките да добиваат доволно струја и свежа вода. Она што прави најголем проблем се олујите кои знаат да ја уништат опремата за билките. Но тоа не ги обесхрабрува да продолжат да експериментираат под вода.

„Сакав да направам нешто сосема поинакво и да ја покажам убавината на океанот. Се надевам дека ќе ги инспирирам и младите.“ – вели Гамберини.

Прегледи:
624
Објавено на:
05.12.2020