Категории

Поглед во грандиозната Титова вила „Галеб“ која зборува за минатите времиња

Опкружена со густа борова шума, „Галеб“ е сместена на влезот на Бока Которскиот залив, во неодоливото Игало, зборува за некои минати времиња.

titova-vila-igalo-21

Летната резиденција на Јосип Броз тито, која од неодамна е отворена за јавноста изградена е во 1976 година. Ова е една од десетината луксузни вили кои биле изградени во СФРЈ и му служеле на доживотниот претседател Тито.

Повод за нејзиното градење било успешното лечење на Тито во старата баља во Игало, кое толку многу добро вилјаело на неговото здравје, да било одлучено да се направи вила во близина на бањата. Токму во тој дел се мешаат медитеранската клима на влезот на заливот и континенталната клима од другата страна, од Херцег Нови, бидејќи само на 6 километри воздушна линија се наоѓа Оријен, највисоката планина на источниот Јадрански брег. Климата која овде се создава е фузија од овие околности и го прави Игало совршен бањски центар.

titova-vila-igalo-16

Првиот престој на Тито во Игало бил во 1976 година во старата бања, а истата година е изградена и вилата, која ја проектирал архитект од Херцег Нови, Милорад Петијевиќ. Тито прв пат ја посетил вилата на 25 јануари 1977 година. Објектот се состои од 5.500 метри квадратни на четири нивоа, додека паркот е составен од дури 75.000 метри квадратни, а за негово уредување бил ангажиран хорикултурниот инжињер, Анте Стерниша.

titova-vila-igalo-1 titova-vila-igalo-2

Вилата е проектирана за комфорен престој на 30 гости, со можност за користење на медицинска и друг вид рехабилитација. Угостиле и многу светски државници и луѓе од јавниот живот. Тито тука престојувал четири пати, останувал од четири до десет недели, така да многу од државничките работи ги извршувал во оваа резиденција.

titova-vila-igalo-3 titova-vila-igalo-4

Конференциска сала

titova-vila-igalo-14

titova-vila-igalo-5 titova-vila-igalo-6

1 2

Прегледи:
1631
Објавено на:
01.06.2016