Еден од најпознатите крими романи на мајсторката Агата Кристи доби своја екранизација.
Приказната за убиството во Ориент експрес, базиран на крими романот од 1934 година, ја имаше својата официјална премиера и наскоро ќе може да се погледне во кино салите низ светот и кај нас.
Филмот е во режија на Кенет Брана, кој се појавува во главната улога, а во останатите улоги се јавуваат и Џони Деп, Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч, Џош Гад, Мишел Фајфер и други. Премиерата е закажана за 10 ноември, а погледнете го трајлерот.
Трејлерот ветува возбудливо доживување во кино салите Овој филмски проект на Брана претставува адаптација на најпознатиот крими роман на реномираната писателка Агата Кристи. За мистериозното убиство, кое се случува на возот сомничени се сите 13 патници од прва класа, кои постојано меѓусебно се обвинуваат. Детективот Поаро мора брзо да ги открие нивните тајни пред убиецот да нападне повторно.