Видеото на една госпоѓа која за време на спортски натпревар се снимала себе си наместо да го снима натпреварот, овој викенд стана вирален хит на социјалните мрежи.
Занимливо е тоа што корисниците на Twitter не ја исмејувале затоа што не знае да ја користи новата технологија, напротив, ги освои гестот на момчето кое и помогна.
Имено, госпоѓата ја вклучила предната камера и наместо да го снима натпреварот, се почнала да се снима себе си. Момчето кое седело до неа и укажало на грешката и и покажал како треба да снима.
Видеото на Твитер го објави нејзината внука. Видеото беше споделено деведесет илјади пати. Собра повеќе од четиристотини коментари и повеќе од двеста и педесет илјади лајкови.
My grama tried to video the half time show off her phone and … pic.twitter.com/n3ddZQPt2B
— Cam (@camcamgarner) November 5, 2017
https://platform.twitter.com/widgets.js