Со песна и многу насмевки, блесна новогодишната елка на плоштадот во Скопје.
Малата свеченост организирана од Град Скопје за отпочнување на празничната магија, се одржа на 18-ти декември од 19 часот, а беше проследено со божиќни песни на хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец.