Јужна Кореа: Надзорната камера во една болница снимила ситуација во родилиштето за време на земјотрес. Одличната реакција на сестрите спречила можна несреќа со бебињата.
Кога започнал земјотресот, количките во кои биле сместени бебињата започнале да се движат по собата со опасност од испаѓање надвор. Дежурните медицински сестри реагирале инстинктивно и со многу голема брзина ги задржале количките. За среќа, ниедно бебе не е повредено и се проминало во најдобар ред. Снимката е снимена во градот Поханг.
https://www.youtube.com/watch?v=Q3Q8Dj8FO4E