Категории

Погледнете каде се наоѓа портата до рајот

Една од неверојатните природни атракции е планината Тјанмен во Кина која е позната по највисоката пештера во светот. Со висина од 1518,6 метри, оваа планина претставува неверојатно живописно место создадено од природата, всушност формирано е како резултат на ерозија. Откако еден голем дел се отцепил од планината, се формирала пештерата за да се создаде овој незамислив природен феномен наречен “Небесна порта”. Името го оправдува фактот што ова место е постојано обвиткано во облаци.

999 скали водат до подножјето на пештерата од врвот на Тјанмен. Според таоистичката филозофија, овие мистични 999 скали се највисокиот број и симболот на императорот. Постои верување меѓу локалното население дека самата планина и нејзините “небесни врати” имаат мистична сила. 

Во дваесетиот век, ненадејни водопади се појавиле од врвот на планината Тјанмен од необјаснети причини. Водопадите се создале на надморска височина од 1500 метри, траеле само 15 минути и одеднаш исчезнале. Интересно е тоа што секој пат кога овие чудни инциденти се случувале во годините со значајни настани за Кина, па поради тоа суеверниот кинески народ воопшто не ги сметал за коинциденција.

Планината Тијанмен и Небесната порта се најпопуларните туристички атракции во Кина. Тука се наоѓа најдолгата и највисоката жичара во светот, која е наведена во Гинисовата книга на рекорди. Вкупната должина е 7455 метри, а на некои делови се протега до 500 метри. Можете исто така да користите патека на теренот. Патот Тунцијан или патот со 99 кривини е автопат кој се протега 11 км и еден од најстрмните планински серпентини во светот.

Растојанието помеѓу изнесува од 200 до 1300 метри. Исто така, постојат посебни планински патеки со должина од неколку километри околу врвот на планината Тјанмен. Мал дел од 70 метри од патеката е направен од стакло. Неговата дебелина е само 6 см! Можете да ја видите јамата без дно под нозете, но, овој спектакл навистина не е за туристите со слабо срце. Популарен меѓу аџиите и туристите е и будистички храм лоциран на планината Тианмен, која исто така се нарекува “Небесна порта”. Овој комплекс зафаќа површина од околу 10 000 квадратни метри.

Прегледи:
742
Објавено на:
08.08.2017