Категории

Погледнете како Џеки Чен се враќа во акција, со првиот трајлер за The Foreigner

Џеки Чен се враќа на големите екрани и растура, како и секогаш, во првиот трјалер за „Странецот“ (The Foreigner).

Познатиот експерт за боречки вештини, актер и режисер заедно со поранешниот Џемс Бонд, Пирс Бронсан се дел од одмазничкиот трилер режисиран од Мартин Кампбел, кој исто така стои зад Казино Ројал.

 

Чен го игра Куан, скромен Лондонски бизнисмен чие закопано минато доаѓа по него, кога неговата ќерка е убиена во политички мотивиран терорирстички акт.

Додека ги бара Ирските радикални терористи, Куан навлегува во конфликт со Броснан, кој е во улогата на владин агент.

Дејвид Маркони го напишал сценариото според новелата Кинезот (The Chinaman) на Стивен Летер

Прегледи:
407
Објавено на:
29.06.2017