Категории

Погледнете како изгледа првиот подводен ресторан во Европа! (ВИДЕО)

Ресторанот симболично ќе се вика „Under“, ќе има површина од околу 500 м2 на три нивоа.

Пет метри под површината на морето, во Норвешка се отвора првиот подводен ресторан во Европа. Се смета дека тоа ќе биде воедно и најголемиот ресторан од овој тип во светот, а во него ќе може да присуствуваат 100 луѓе. Изградбата е при крај, а првите гости се очекуваат веќе во април 2019. година.

Ресторанот симболично ќе се вика „Under“, а на самиот влез ќе биде поставен бар, кој ќе го означува преоѓањето од брегот во океанот. На спратот подолу ќе биде ресторанот со маси за гостите низ кој ќе може да се набљудува морскиот свет.

За да се спречи можноста луѓето да се чувствуваат клаустрофобично, архитектите велат дека осветлувањето е особено важно и додаваат дека конструкцијата е направена така да биде безбедна и да ги издржи променливите временски услови под водата.