Категории

Погледнете како изгледа Рим прекриен со снежна покривка

Рим, главниот град на Италија, утрово беше покриен со прекрасна снежна покривка. Снегот ги изненади и израдува локалните жители и туристите, со оглед на тоа дека во Рим последен пат паднал снег во февруари 2012 година.

Снежната покрива ги натера жителите и туристите да излезат надвор и да уживаат во снегот, во „снежните битки“ и во правењто на Снешковци.

Оние кои што наредниов период ќе отпатуваат во Рим, ќе си поминат прекрасно, не само поради знаменитостите кои ќе ги видат, туку и поради тоа што ќе го видат Рим во малку поинкаво светло. А за оние кои ќе останат во својата земја, им предлагаме да ја доживеат снежната римска убавина преку следниве фотографии.