Романскиот уметник Адриан Борда не свири на ниту еден музички инструмент. Но, тоа не значи дека не знае да ги искористи за да не магепса. Како еден вид експеримент, тој започнал да ги фотографира инструментите од нивната внатрешна страна, а глетката која ја добил е мистична и неверојатна.
„Живеам во Регин, Романија, познат како градот на виолините. Поголемиот дел од виолините од нашата земја се направени тука. Јас сум сликар и поголемиот дел од моите слики содржат виолини.“
„Не знам многу за инструментите кои што ги фотографирав, тие беа скршени, отворени за да ги поправат, па поради тоа можев да ставам камери во нив.“
Погледнете како изгледаат овие инструменти одвнатре.