Да може да старее Барби денес би имала 58 години и веројатно би била елегантна како и секогаш.
Но, таа е вечна девојка која повеќе пати го има променето своето лице, во зависност од тоа како се менувал и женскиот изглед. Првата барбика е ставена на продажните полици во 1959 година и изгледала тотално поинаку од оваа денес. Но, оваа кукла отсекогаш се разликувала од останатите по многу нешта. Таа е играчка со карактеристики на возрасна жена и децата за прв пат добиле кукла која е повеќе од бебе.
Погледнете како се менувала низ годините:
На почетокот усните и биле собрани, имала изразено нацртани очи и фризура карактеристична за педесетите и шеесетите години.
Од 1965 година, Барби има шишки, очите и се крупни, а усните и понатаму собрани и споени.
Од 1971 година, Барби има долга, рамна коса, лицето станува заоблено, а во 1976 година за прв пат се појавува насмеана.
Го снемува тешкиот туш за очи, а Барби станува се послатка со изразени трепавици, насмевка, заби па дури и румени обравчиња.
Во осумдесетите Барби станува гламурозна, а во текот на деведесетите се зголемуваат нејзините модни додатоци и се повеќе почнува да личи на жена отколку на девојка.
На почетокот на 21 век, лицето и станува помалку округло, а шминката секоја година се прилагодува на трендовите.
Денешната Барби изгледа сосема поинаку од првата во 1959 година.