Времето во Македонија попладне ќе биде топло и со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи од 14 до 20 степени.
Од утре до среда следува период на стабилно, суво и потопло време.
Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата.