Категории

Погледнете колку години би имале ликовите од Симпсонови во реалниот живот

Симпсонови е нашата омилена телевизиска серија веќе долги години наназад. Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги посведочија, а исто така и предвидоа многу случки од модерната историја, од политика до спорт, па се до поп културата, а сепак не се ни еден ден постари од претходно.

 

Симпсонови најпрво се појавија на шоуто на Трејси Улман во 1987 година и веднаш ја освоија публиката тие жолти ликови со четири прсти, за веќе во декември 1989 година да започне со емитување оваа серија. Погледнете колку години би имале ликовите од оваа серија доколку старееја како сите нас.

Хомер Симпсон, 65 години

Со неговата наклонетост кон јагленохидратите, ударите во стомакот од топ-топки и неговото непочитување на нуклеарната безбедност, Хомер не би било логично да дочека да наполни повеќе од 21 година. За среќа, ова не важи за нашиот омилен Хомер и доколку се ориентираме според неговата возачка дозвола, тој сега би требало да има 65 години, бидејќи е роден на 12 мај 1952 година.

Марџ Симпсон, 63 години

Марџ и Хомер се запознаваат во средношколските денови, па бидејќи слушаат исти предавања би требало да имаат и ист број на години. Но, бидејќи Хомер повторувал неколку години, Марџ е две години помлада од Хомер. Во една од епизодите од 23 сезона, се покажува датата на роденденот на Марџ, а тоа е на 19 март, 1954 година, што значи Марџ Хомер има 63 години.

 

Барт Симпсон, 37 години

Овој мал бељаџија, најстариот син на Марџ и Хомер кој во серијата сеуште оди на училиште, всушност би требал оваа година да наполни 37 години.

Лиса Симпсон, 36 години

Најпаметната меѓу семејството Симпсонови, Лиса е помала од Барт една година, што значи би наполнила 36 години.

Меги Симпсон, 28 години

Во петтата сезона, кланот Симпсонови се собира да гго прослави првиот роденден на Меги. Тоа би значело дека денес, Меги има 28 години.

 

 

Прегледи:
602
Објавено на:
08.08.2017