Категории

Погледнете во напуштената спектакуларна куќа на Мајк Тајсон во Охајо

Во рингот Мајк Тајсон беше неприкосновен борец, а надвор од него беше прилично контроверзен.

Во 1992 година, челичниот човек беше осуден на 6 години затвор плус четири години условна осуда под обвиненија за силување. Турбулентниот живот на Мајк го натера да го продаде овој спектакуларен имот во Охајо, во 1999 година, за само 1,3 милиони долари.

tyson tyson2 tyson3 tyson4 tyson5

Како што пренесува Daily Mail, фотографот Johnny Joo е виновникот за постоењето на овие фотографии, тој изјавил:

Моите патувања ме одвеле на многу чудни места, но ништо како напуштениот дом на поранешниот професионален боксер.

Беше празно и ладно, морничаво – не страшно, туку возбудливо.

Знаејќи дека Мајк Тајсон еднаш седел и уживал тука, а јас бев сведок на се што останало после него. Навистина ми се допадна бањата, заради погледот и таванот со огледало.

Базенот ми е омилениот дел, неверојатно е голем и можам само да предпоставам колку било динамично ова место порано. Се било полно со живот во еден период, а сега има само прашина.

tyson6tyson7tyson8tyson9

Куќата е откупена во 2014 година и се планира да се реновира и да биде црква.

tyson10tyson11tyson12tyson13tyson15tyson16