Категории

Погледот открива се: Ако вашето момче ве гледа во овој дел од телото, значи дека е луд по вас!

Ако се прашувате дали му се допаѓате или не, ова истражување ќе ви даде одговор. Постои едноставен начин да откриете, а таа личност да не ви каже ни збор.

Научници од колеџот „Wellesley“ и Универзитетот во Канзас направиле заедничко истражување во кое заклучиле дека доколку мажот ја гледа жената само во лицето, не ја доживува на романтичен начин. Од друга страна, доколку мажот го спушта погледот кон градите на жената и надолу, тој ја смета за привлечна.

 

Во истражувањето учествувале 105 личности од кои е побарано да погледнат фотографии на жени и мажи и да одговорат дали би биле со личноста на фотографијата или би останале само пријатели. Научниците потоа ги прателе движењата на очите на испитаниците и ја потврдиле теоријата дека мажите со спуштањето на погледот кон градите и колковите на жената, всушност ги проценуваат нејзините репродуктивни способности.

 

Целта на истражувањето било да се дознае дали е некој некому привлечен, па доколку некој ве гледа само во лицето тоа не значи дека на таа личност воопшто не и се допаѓате , туку дека не ве доживува на сексуален начин.