Категории

Појадокот и здравата телесна тежина: 15 грешки што треба да ги избегнувате

Кога станува збор за појадувањето, повеќето сме склони кон некои грешки коишто прават нашиот појадок да биде нездрав и да придонесе за вишок килограми. Веќе добро знаеме дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, но малкумина знаат дека тој исто така може да биде и извор на прекумерна тежина. Погледнете ги следниве 15 грешки коишто не смеете да ги правите кога е во прашање појадокот.

happy young woman in bathrobe eating healthy breakfast

1. Размислете пред да посегнете по првиот залак

Кога колегите ќе донесат слатки работи, канцеларијата лесно може да стане калориска замка. Но, застанете, сконцентрирајте се, длабоко вдишете и фокусирајте се на вашите цели кога станува збор за здравјето и здравиот начин на живот. Само размислете, дали е подобар вкусот на мафините или пак чувството дека ги остварувате зацртаните цели?

2. Не дозволувајте да ве „прелажат“ соковите

Можеби мислите дека пиењето вештачки сок од портокал е идеален начин да го започнете денот, но, имајте предвид дека купените сокови се полни со шеќери. Можеби подобро е да се напиете една чаша обична вода и да изедете еден портокал, затоа што овошјето ќе ви пружи витамини и минерали, а исто така содржи и влакна коишто можат да го намалат чувството на глад и да ве држат заситени до времето за ручек.

3. Заситете се, но на здрав начин

Палачинките и вафлите не се добра идеја за појадок. Наместо тоа, земете житарици од цело зрно или пак тост и со тоа обидете се да внесете малку протеини во форма на нискокалоричен или безмасен јогурт, месо и слично. Ова долго време ќе ве одржува заситени.

4. Внимавајте на искушенијата

Слатките работи со појадокот се неодоливи, но утрото, обидете се да им одолеете. Печивата, кроасаните и зашеќерените житарици можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта, да го намалат нивото на енергијата и да предизвикаат чувство на глад.

5. Не го исклучувајте кафето од појадокот

Не морате да го избегнувате утринското кафе, дури и да внимавате на здравата исхрана. Доколку не сте премногу чувствителни на кофеин или пак немате некои здравствени тегоби, кафето е природен и вкусен начин да го подобрите своето расположение. Ако чувствувате потреба за уште една шолја кафе, тогаш можеби не сте наспиени. Сепак, запаметете дека кафето не е замена за добар сон и одмор.

6. Бидете внимателни со додатоците во кафето

Овде се мисли на додатоците коишто може да влијаат на зголемување на вашата телесна тежина. Шеќерот, сирупите со вкус, како и шлагот, може да го претворат кафето во калориска бомба, особено ако пиете повеќе такви кафиња во текот на денот. Потрудете се за почеток да ги намалите тие додатоци, за на крајот да бидете во можност да уживате во кафето без ваквите додатоци.

7. Бидете спремни кога ќе почувствувате глад

Доколку честопати сте во брзање па го прескокнувате појадокот, претпочитајте да имате здрава ужина. Испланирајте го тоа однапред, па снабдете се со здрави намирници за во вашата кола или пак за во фрижидерот на работа.

1 2

Прегледи:
830
Објавено на:
13.04.2016