Категории

Покажа дека жените со повеќе килограми изгледаат поубаво

Блогерката Келси Велс на својот профил на Инстаграм објави три свои фотографии, со три различни тежини. На првата фотографија, таа има 65 , на втората 55, а на третата 63 килограми.

Иако објасни дека нејзината идеална тежина е 55 килограми, нејзините обожаватели без размислување се согласија дека најдобро изгледа на третата фотографија, на која им 8 килограми повеќе од нејзината идеална тежина.

“Повеќе не ме нервира вагата. Сфатив дека таа беше пријателски, но моќен потсетник. Луѓе, престанете да се нервирате со бројките на вагата. Престанете да мислите дека тежината го одржува вашиот развој. Вашата тежина нека не влијае на вашата самодоверба, како што некогаш таа влијаеше на мојата” – напиша Келси.

“Висока сум 170 центиметри и имам 63 килограми. Како почнав да вежбам, 8 недели по породувањето, имав 65 килограми. Пред бременоста, тежев 58 килограми и поради лошата перцепција, мислев дека мојата идеална тежина ќе биде 55 килограми. Според моето претходно размислување, ќе мислите дека се чувствувам лошо поради тоа. Но, фала Богу, најпосле научив дека успехот треба да се мери со работите кои се навистина важни, а тие се: силата, вештината, издржливоста, здравјето и среќата” – изјави таа.

Исто така, Келси заклучи дека иако има само два килограми помалку после пораѓањето, нејзиното тело сега е целосно променето.

Прегледи:
441
Објавено на:
28.07.2016