Иако веќе сите медиуми го преселија Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, денешното издание на „The Evening Standard“ е можен целосен пресврт.
Како што пренесува весникот, Жозе Мурињо наместо да остане во Премиер лигата, би можел да се врати во Интер, тим со кој ја освои тројната круна.
Атмосферата е уште позагреана, откако е јасно дека Мурињо ќе биде на трибините на средбата помеѓу Интер и Сампдорија. Португалецот ја прифатил понудата на претседателот на Интер, Тохир да биде почесен гостин на средбата.
И покрај сето тоа, повеќето медиуми во светот и натаму тврдат дека во секој момент се очекува отказ за Ван Гал, по што „специјалниот“ ќе седне на „Олд Трафорд“.