Категории

Полицаец посвои девојче откако го спаси од семејството кое физички го злоставувало

Полицаец во Аризона и неговата сопруга официјално го посвоија девојчето откако полицаецот помогнал да се спаси од злоставувањето.

Полковникот на полициската управа Кингман Брајан Зек бил патролен наредник во март 2018 година кога бил повикан во домот на Каила која во тоа време трпела злоставување и повеќекратни повреди од своите старатели.

Брајан ја тешел Каила додека чекале да пристигнат детективите и да ја одведат во болница.
„Боевме, грицкавме грицки, ме држеше за рака и беше многу слатка“, изјави Брајан додавајќи: „Кога пристигнаа детективите, ја земавме и ја одведовме во болница.“

Брајан кој е татко на две деца, откако заминал во својот дом и раскажал на својата сопруга за сето тоа, изразувајќи дека сака девојчето да живее со нив. Во меѓувреме Каила била на лекување од повредите нанесени како резултат од физичкото насилство. Брајан изјавил дека била поднесена кривична пријава против нејзините старатели, но бидејќи службите за заштита на деца не можеле веднаш да пронајдат сместување за Каила, Брајан и Сиера одлучиле да ја посвојат.

„Пристигна со шолја и облека која не и одговараше“, изјави полицаецот. „Во новиот дом почна да ја нарекува мојата сопруга „мама“. Живеевме само две седмици не знаејќи дали ќе им се врати на биолошките родители и колку долго ќе можеме да ја задржиме“, објаснува Брајан и додава:

„Целта ни беше да се грижиме и да го сакаме ова девојче додека тоа е возможно.“
Шефот на полицијата Расти Купер рекол дека посветеноста на полковникот Брајан Зек за јавната сигурност се огледува во неговата посветеност и љубов спрема Каилоа, додавајќи дека Брајан и неговата сопруга Сиера се неверојатни родители.

На 18 август, 30 месеци откако Каила пристигна во нивниот дом, Брајан и Сиера добија официјално одобрение за усвојување на Каила.

Нејзиниот нов татко изјави дека Каила ужива да си игра со животни, да танцува и да измислува игри. И наскоро таа ќе тргне во училиште.

 

Прегледи:
970
Објавено на:
27.12.2020