Категории

Полицискиот час ќе се скрати, а маските задолжително ќе мора да се носат

Комисијата за заразни болести до Владата ќе ги достави следните предлог измени во однос на времетрањето на полицискиот час и носењето на заштитна опрема на граѓаните.

Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега.

За возрасните граѓани да продолжи времето на движење, од 08:00 до 12 часот, наместо од 10:00 до 12:00 часот.

Продолжување на периодот во којшто се движат и младите до 18 години, во периодот од 13:00 до 16:00 часот.

Полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и да почнува во сабота во 13:00 часот и да заврши во понеделник во 05:00 часот наутро.

Да остане целосно исто како и досега забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.

Граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено. Заштитна опрема на затворено треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица.

Во однос на отворените површини заштитна опрема мора да се носи на места каде што нема простор за дистанца од 2 метри. Задолжително заштитна опрема се носи на пазарите.

Исклучок за носење на заштитна опрема на отворено се прави само ако 1) лицето носи заштитна опрема на работа, која е пропишана со работното место како во погони, фабрики, производство 2) ако лицето престојува во двор на станбена семејна куќа 3) вози велосипед или спортува на отворено, но ја држи потребната дистанца од 2 метри и не го прави тоа во група согласно постоечките рестрикции 4) при возење на патничко моторно возило со лица со коишто лицето живее во заедница или домаќинство. 5) При движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку 2 метри од другото лице коешто е во непосредна близина.