Категории

Поместете ги сопствените граници со кампањата на Polleo Sport „BREAK YOUR LIMITS“

Polleo Sport ја започнува кампањата „BREAK YOUR LIMITS“. Со оваа иницијатива сакаме да ги мотивираме поединците да ги поместат сопствените граници, без разлика дали се работи за стил на живот, поздрава и квалитетна исхрана, грижа за секојдневните активности или било која активност што ќе ја помести вашата сопствената граница што сами ја поставувате.

Доколку сакате да бидете горди на она што го правите, дефинитивно треба да се приклучите во овој предизвик. Денешното секојдневие е потешко од било кога заради побрзиот начин на живот, бркотница по успех и подобро утре… и ги забораваме најважните моменти – да направиме подобра верзија од себе!

Поквалитетниот и поздрав начин на живот е потребен не само за професионалните спортисти, туку и за рекреативците, за сите оние кои се грижат за себе и за своето здравје и изглед.

Помести ја својата граница, биди храбар и вклучи се во новата кампања BREAK YOUR LIMITS на Polleo Sport!

Направи фотка или видео од предизвикот со кој ја поместуваш твојата граница, ја кршиш бариерата и се гордееш со себе! Постави ја на социјалните мрежи со хаштаг #BRЕАКYOURLIMITS и мотивирај ги останатите.

Прегледи:
544
Објавено на:
07.09.2018