Категории

Попај во Малта го нашол најдобриот спанаќ?

Колоритното и жовописно село Свитхевен, лоцирано во Малта во Медитеранското Море, денес е туристичка атракција, а во 1980-тите години било сет за снимањето на филмот за Попај морнарот.

Парамаунт Пикчрс и Дизни креирале сет кој се состоел од слатки дрвени куќарки, обоени во најразлини бои, со цел да наликуваат на делото на E.C. SegarСите куќи од сетот се направени да изгледаат како реална реплика на стрипот каде херој е Попај морнарот и неговите пријатели, Олива, Кастор Оил, Брутус и Хам Грејви.

На крајот од снимањето на филмот, сетот бил оставен како подарок на локалното население, да служи како филмски музеј. Сега ова е една од поатрактивните туристички дестинации на Малта, која е специјализирана за фамилијарна забава. Сега сите ова место го викаат Селото на Попај, во чест на познатиот и мускулест морнар.