Категории

Попладневното спиење може да биде опасно – Освен во еден случај

Бројни стручњаци советуваат дека не секој одмор е добар, па соодветно со тоа не препорачуваат попладневна дремка кај возрасните, освен ако таа трае помалце од 40 минути.

Во спротивно би можел да се поремети внатрешниот телесен часовник и циклусите на спиење. На сајтот на клиниката Мејо пишува дека човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолго во текот на ноќта додека во текот на денот кратко да одмори.

Телесната температура во периодот помеѓу 13 и 15 часот опаѓа во најголема мера поради што во оваа доба почнуваме да се чувствуваме поспани. Меѓутоа, стручњаците тврдат дека попладневното спиење не е безопасно. Ново истражување покажало дека попладневното спиење во временско траење подолго од 40 минути го зголемува ризикикот за телесни пореметувања.

Студијата која опфатила 300,000 испитаници покажала поврзаност на попладневното дремење со развојот на метаболички синдром вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок и повишен холестерол.

Прегледи:
598
Објавено на:
03.11.2020