Се чини дека најслушаната песна на сите времиња предизвика голем интерес за Порто Рико. Песната “Деспасито” со самото објавување стана хит, а во Соединетите Држави се прослави кога се објави ремиксот со Џастин Бибер во април. Во двете верзии од песната има стих во кој се спомнува Порто Рико.
https://www.youtube.com/watch?v=uaTeZA-Gj7s
Од веб страната хотели.ком велат дека два месеци откако била издадена оваа песна, пребарувањата за патување во Порто Рико, пораснале за цели 45% во споредба со истиот период од изминатата година. Други веб страни известуваат за слични ефекти, поради кои може да се заклучи дека оваа песна ја подобри економијата и навистина го прослави овој остров.