Категории

Поради нереалната убавина ја нарекуваат црна барбика, а нејзиниот пат до успехот не бил едноставен!

Дуки Тот е австралиски модел и честопати ја нарекуваат „Црна Барбика“ бидејќи е толку убава што личи на популарната кукла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on


Таа има милиони фанови низ целиот свет, а нејзините фотографии собираат по илјадници лајкови. Престижните брендови се борат за да стигнат до неа за да ги претставува, но нејзиниот живот не бил отсекогаш лесен и убав. Таа во минатото била ќртва на насилство поради што морала да ја прекине кариерата на некое време. Родена е на 23. октомври 1995 година и со само 23 години го освоила модниот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on


Нејзиното искуство покажува дека секој од нас има уникатна приказна и дека дури и луѓето кои изгледаат совршено мора да се борат храбро и да бидат силни за да го исполнат она што го сакаат.

Родена во Јужен Судан, таа од мала сонувала да биде манекенка. Првиот чекор кон тоа било нејзиното учество во популарниот проект „Australias Next Top Model“ во кој се појавила со само 17 години. Била критикувана и несфатена од страна на стилистите кои не знаеле што да прават со нејзината коса. Фановите на шоу програмата не ја сакале на почетокот и честопати велеле дека не е природна и никој не можел да верува дека нејзиниот несекојдневен изглед е дар од природата, а не пластична хирургија и фотошоп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on


Колегите од модната индустрија исто така немале добро мислење за неа и ја нарекувале со погрдни имиња. Подоцна во едно интервју таа раскажала дека и биле потребни 2 години за да собере енергија и самодоверба за да се врати во манекенските води.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on


Оној момент кога почнала да го слуша својот внатрешен глас работите почнале да се враќаат во нормала. Сега, таа им пружа поддршка на сите црни модели и разговара за различностите во модната индустрија. Сигурна е дека убавината треба и има многу лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Duckie Thot (@duckieofficial) on


Од нејзиното искуство, Дуки Тот знае дека луѓето ќе продолжат да зборуваат што да правиме и како да изгледаме. Нивните зборови не треба да не дефинираат. Соништата се остваруваат само кога се слушате себеси и не се плашите да се покажете на светот во вистинско светло.