Категории

Поради овие расправии секоја врска или брак би можел да биде сериозно загрозен

Најчестите расправии во врските или бракот поради кои доаѓа до разделба на партнерите

Во секоја врска доаѓа до расправии и тоа не е нешто поради кое би требале да се срамиме. Тие често помагаат сите проблеми кои ги сокриваме во себе да излезат на површина. Меѓутоа, проблемите поради кои доаѓа до расправии не смееме да ги игнорираме и мораме да ги решиме со цел да не се повторат. Ви донесуваме попис на најлошите љубовни расправии и совети како да ги решите.

1.Финансии
Според статистиките, парите се на прво место на листата на причини на проблеми во врските. Се наоѓате во финансиска неприлика и едвај спојувате крај со крај а вашиот партнер троши пари на беспотребни нешта и покрај вашиот договор? Поради тоа можете да се чувствувте изневерено и предадено.

Како да се носите со тоа зависи од длабочината на проблемот, преку некои финансиски измами може да се премине. Ако вие и вашиот партнер го сфатите овој проблем како шанса да поработите на вашите финансиските неприлики и да станете искрени еден спрема друг тогаш сте на вистинскиот пат.

2.Семејство
Никој не е совршен, па така нити членовите на нашето семејство. Нормално е понекогаш да ги искритикуваме родителите на партнерот, но ги сакаме без оглед на се. Меѓутоа, што да направите во ситуација кога партнерот зборува безобразни нешта за вашето семејство.

Тоа не смее да се толерира. Постои граница која партнерот не смее да ја премине и навредите ја преминуваат таа граница. Истото важи и за вас, имајте на ум кога го изнесувате своето мислење околу неговото семејство за да не ја преминете границата.

3.Домашни работи
Ова звучи како мало нешто, но за голем број парови се работи за голем проблем. Особено кога само едната страна е задолжена за домашните работи. Ако поделбата околу обврските претставува проблем во вашата врска, обавезно обидете се да го решите тоа, немојте да го игнорирате. Домашните обврски треба да бидат поделени на половина, поради тоа кажете му на вашиот партнер како е време сериозно да разговарате за тоа.

4.Секс
Во текот на интимните мигови се наоѓаме во изразено чувствителна состојба. Поради тоа е потребно внимателно да се комуницира околу секој потенцијален проблем поврзан за сексуалниот живот.
Ако нешто не ви одговара или сте незадоволни, немојте да го прекинувате партнерот со реченицата „Што правиш? Ова е ужасно?“ Затоа што така ја рушите неговата самодоверба.
Подобро е да бидете тактични и да кажете нешто во смисла: „Не сум сигурна дека тоа ми годи? А да пробаме поинаку?“
Околу проблемите поврзани со сексуалниот живот не е лесно да се разговара надвор од креветот,и таквите разговори најдобро се водат низ „студена глава“.

5.Изглед, интелигенција и карактер
Зборовите изговорени во текот на кавгата никогаш не се забораваат. Затоа избегнувајте коментари на сметка на партнерот. Понекогаш во лутина изговараме нешта кои не ги мислиме, сакаме да ги повредиме другите како што не повредиле нас. Кога ќе ви излета таков коментар, извинете се и објаснете дека тоа сте го рекле во бес. Истото очекувајте го и од партнерот и немојте да толерирате навреди.

Прегледи:
1243
Објавено на:
27.08.2020