Категории

Порака која менува живот: Зошто треба да се смееме што повеќе?

Смеата ни го разубавува животот, ни носи радост, здравје и чувство на среќа. Честопати го сфаќаме животот премногу сериозно, па затоа не си дозволуваме да се насмееме гласно и слободно.

Смеата е духовно здравје и е неограничена. Додека се смеете, многу лесно можете да ги оставите сите мисли настрана. Смеата е една од најголемите вредности. Религиите отсекогаш инсистирале на сериозност и затоа целиот свет е психолошки болен. Ниту една религија не помислила на позитивните страни на смеењето.

Секој од сопственото искуство знае дека после добро смеење, смеење од стомакот, се чувствува како да се истуширал со ладна вода, чувствува мир, тишина и свежина. Ова важи и за плачењето, но многу малку луѓе ја знаат тајната на плачот.

Смеењето е исклучително здрава вежба. Кога некој се смее, придружи му се. Некој е разигран – ако имаш време, придружи му се и ти.

Милиони луѓе се откажале од медитирање затоа што медитацијата ја сфатиле премногу сериозно. Се смета дека исто така и религијата е многу сериозна работа, но не е.

Можеби сте забележале, можеби не, човекот е единственото живо суштество кое може да се смее. Смеата е единственото нешто по што човечкото суштество се разликува од другиот свет. Смеата ја дефинира вашата човечност и еволуција. Најдобрата смеа е смеата на сопствена “сметка“.