Категории

Пораката на Буда за луѓето кои имаат проблеми: Како да ги одврзете јазлите на негативните чувства

Поучна приказна на Буда открива како да се справите со грижите и негативните емоции, да ги испуштите и да живеете среќно и слободно!

Еден ден, Буда дојде кај своите ученици со марамче. Сите гледале во марамчето, но никој не видел ништо освен убавото свилено марамче. Буда почнал да врзува јазли на него. Кога врзал пет јазли, прашал:
– Дали е ова истото марамче кое го донесов, или е друго?
Шарипуа рече:
– Истото е.
– Шарипуа, размисли повторно. На тоа марамче немаше јазли, а на ова има пет. Како можат да бидат исти?
Тогаш Шарипуа го сфати значењето и  рече:
– Сфатив сè. Иако е исто марамчето, сега е во јазли, слично како човек кој страда.
– Сосема точно! Сè што сакам да ви покажам е дека човекот кој страда, во суштина не се разликува од Буда. Јас сум – само марамче без јазли! Вие сте – марамче со пет јазоли. Овие јазли се – насилство, алчност, лажност, несвесност и себичност.
Тогаш Буда рече:
– Ќе се обидам да ги одврзам овие јазли. Дали ова ќе  помогне да ги одврзам?
Го повлекол марамчето за двата краја и јазлите станале уште помали и поцврсти.
Некој рекол:
Што правите? На тој начин јазлите не можете да ги одврзете. Свилата е тенка и ја затегнавте, јазлите станаа мали, сега е речиси е невозможно да се одврзат!
– Значи, вие толку јасно разберавте сè што е поврзано со ова марамче. Зошто не можете сами да се разберете? Зарем не сте во иста ситуација? Ги затегнувате јазлите, така што тие стануваат сè помали и помали и поцврсти и поцврсти.
Тогаш Буда прашал:
– Кој ќе каже како да се одврзат јазлите?
Еден ученик станал и рекол:
– Прво, треба да се приближите и да видите како се врзани јазлите.
Го погледнал марамчето и рекол:
– Јазлите се направени така што ако го олабавиме марамчето, ќе се олабават, тогаш многу лесно ќе ги одврземе. Овие се едноставни јазли.
Ученикот го земал марамчето и внимателно ги одврзал јазлите еден по еден. Буда рекол:
– Денешната проповед заврши. Одете, медитирајте!

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
1038
Објавено на:
06.10.2019