Категории

Португалија остана без Роналдо по само 25 минути од финалето

Фудбалската репрезентација на Португалија доживеа голем хендикеп уште по дваесетина минути игра во финалето на Европското првенство против Франција што се игра на „Стад д’ Франс“ во Париз. Најдобриот фудбалер на Португалците, капитенот Кристијано Роналдо заработи повреда на левото колено, по која не можеше да го продолжи мечот.

Димитри Паје по еден дуел на средината на теренот го повреди Роналдо, кој остана во солзи, потоа се обиде да продолжи откако доби лекарска помош, но во 25.минута самиот побара замена. На негово место во игра во селекцијата на Португалија влезе Рикардо Кварезма.

Прегледи:
447
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
10.07.2016