Категории

Португалците без победа станаа првите полуфиналисти

Фудбалерите на Португалија се пласираа во своето четврто полуфинале во последните пет натпреварувања на европските првенства, откако на пенали ја “исфрлија” репрезентацијата на Полска.

Ни во петтиот натпревар од овогодинешното Европско првенство во Франција, Португалците не успеаја да дојдат до победа во регуларните 90 минути, но за разлика од претходниот натпревар во нокаут фазата кога ги победија Хрватите во 120 минути, сега Рикардо Кварежма стана јунак на пенал серијата.

После промашувањето на Кубе Блашчиковски во четвртата, тој беше доволно сконцентриран во петтата серија, со што го совлада Фабијански по петти пат во надигрувањето на пенали.

Полјаците сепак подобро го започнаа натпреварот, па после само сто секунди поведоа со голот на Левандовски, но талентираниот Ренато Санчез успеа да им врати со иста мера после половина час игра и да изедначи на 1:1, колку што и заврши регуларниот дел од играта.

2

После пеналите, крајниот резултат беше 4:6, а во полуфиналето репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со подобриот од натпреварот меѓу Велс и Белгија.

Со оглед на тоа дека Португалците досега не покажаа ништо посебно, останува да видиме дали Кристијано Роналдо и неговите соиграчи ќе се разиграат во полуфиналето или повторно ќе вежбаат пенали за влез во големото финале.

3

Прегледи:
401
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
01.07.2016