За да дојдеме до успехот понекогаш е неопходно да поминеме низ вистински бродолом. Дали се чувствувате како да сте заробени на место на кое мислите дека не припаѓате? Дали сте дале сѐ од себе за да постигнете нешто, а тоа не ви успеало?
Дали се чувствувате дека вашите желби не се исполнети, а Бог не ги слуша вашите молитви?
Кога ќе се најдете во ваква ситуација бидете сигурни дека Бог ве тестира и ве насочува на вистинскиот пат. Ниедно искушение во животот не се случува без причина. Сите маки и целата болка се само привремен и се дел од патот до успехот.
Никој сѐ уште не постигнал големи нешта, а да не се измачил. Запомнете го ова добро, сѐ што се случува во нашиот живот, има своја причина. За да сфатите зошто поминувате низ тоа, само мора да бидете трпеливи.
Размислете добро, дали Бог некогаш ви испратил терет кој не сте можеле да го издржите. Одговорот е веројатно не, бидејќи тој никогаш не го става човекот пред препреки кои не е во состојба да ги помине.
Тешките периоди се составен дел од животот, но ако размислите секој пат сте излегле сѐ посилни од сето тоа. Среќата и успехот мора да се заслужат. Колку побргу ги сфатите препреките во животот како тест кој ќе ве направи посилни, толку побргу животот ќе ви стане многу полесен.
По дождот доаѓа сонце. Да не била бурата никогаш немаше да го видиме виножитото, затоа бидете благодарни и за сите проблеми кои ви се наметнати бидејќи ве подготвуваат за поубава иднина.
Ако не го добиете она што многу го посакувате, тоа е затоа што не ви припаѓа. Одењето во друг правец можеби не штити од некои поголеми неволји кои би ни се случиле доколку би продолжиле по патот кој сме го зацртале.
Верувам дека ако Бог не ми го даде она за кое се молам тоа е поради тоа што има подобар план за мене. Кога ќе научите да живеете по овие правила, животот станува посреќен.