Се ближи крајот на шестата сезона на Игра на троновите, а вчерашната претпоследна епизода насловена „Битка на копилињата“, иако крвава и тешка, донесе завршница која ја посакуваа многумина.
Вообичаено 9тата епизода од сезоните го има клучниот момент, голема борба или пресвртница на настаните, па така, оваа епизода ги врати Џон и Санса во Винтерфел, а Рамси Болтон беше растргнат од неговите ѕверови. Последната епизода, според најавата, исто така навестува интересни случувања.