Категории

ПОСЛЕ ОВА ВИДЕО, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ВАРИТЕ ЈАЈЦА

Иако важат за едно од наједноставните јадења кои постојат, тврдо варените јајца всушност и не е лесно да се подготват.

Имено, ако ги варите предолго, ќе се создаде оној невкусен зелен прстен околу жолчката. Ако, пак, претерано почнете да ги лупите, тоа ќе се покаже како многу тешка задача. Во тој случај, ако сте планирале набрзина да направите салата со јајца, тоа би можело да потрае подолго отколку што сте мислеле.

Време е да го промените начинот на кој ги подготвувате тврдо варените јајца. Huffington Post пишува дека би требало во целост да се откажете од варењето на јајцата и да почнете да ги подготвувате на пареа.

Ако почнете јајцата да ги подготвувате на пареа, ќе добиете многу понежна структура на јајцата, бидејќи се подготвени на понежен начин. Освен тоа, помала е веројатноста дека јајцето ќе ви пукне во текот на подготовката како при варењето, кога меурчињата од водата го фрлаат низ садот. После подготовката на пареа, полесно и ќе можете да ги лупите.

Значи, за да ги сварите јајцата на пареа, ставете околу 2.5 сантиметри вода во садот, ставете решетка за пареа и покријте го садот. Кога водата ќе почне да испарува, внимателно ставете ги јајцата на решетката. Оставете ги да се варат шест минути ако сакате меко варени или 12 минути ако сакате тврдо варени јајца. Откако ќе ги извадите од садот, ставете ги во ладна вода за да не се преварат.

Прегледи:
395
Објавено на:
05.09.2016