Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл очекуваат дете, објавија вечерва британските медиуми.
„Можеме да потврдиме дека првото дете на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи, ќе биде постар брат“, изјави неименуван портпарол на парот, кој се огради од кралското семејство.
Се додава дека принцот Хари, кој е внук на кралицата Елизабета Втора, и Меган Маркл, поранешната актерка, се среќни што ќе станат родители на уште едно дете. Нивниот син Арчи е седми во низата за наследство на британскиот трон.