Категории

После три пати одложување: Џастин и Хејли Бибер склопија црковен брак!

Еден од најпознатите парови конечно се венча во црква …

Еден од најпознатите пејачи на денешницата, Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, конечно го кажаа судбоносно „да“ и во црква.

 

Иако во септември минатата година ги венча матичар, тие одлучија да ги разменат своите завети повторно во понеделникот вечерта со семејството и најблиските пријатели на церемонија во црква во Јужна Каролина која што не беше отворена за јавноста.

На фотографите не им беше дозволен пристап до местото на настанот, а Џастин сподели само две фотографии на Инстаграм.

 

Минатата година венчавката беше тајна, а церемонијата беше во Њујорк. На оваа венчавка имаше 154 гости, меѓу кои Кендал Џенер и Камила Морон, таткото на Болдвин Степен Болдвин и неговиот брат Алек. На свадбата, Кендал носеше тесен кадифено фустанче што имавме можност да го видиме во видеото објавено на Твитер.

 

Бибер се пофали со скап рачен часовник од брендот Аудемарс Пигует на Инстаграм пред свадбата, кој чини околу 50 000 долари.

Младенците разменија завети во дрвена капела сместена во приватно село опкружено со зелени полиња, големо езеро и голф терени, а престојуваа во одморалиштето Монтаж Палмето Блеф со пет ѕвезди кои на поканетите гости им гарантираше приватност.

 

Џастин и Хејли ја одложуваа својата црковна венчавка три пати.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
478
Објавено на:
05.10.2019