Категории

Последиците од стресот и како да се намали

Стресот предизвикан од разни причини може да има сериозни и трајни последици врз здравјето. Но, постојат голем број начини како да се спречи тоа, или барем последиците од стресот да се ублажат. Здравите навики, како физичката активност и здравата исхрана можат да овозможат подобро чувство во текот на денот, а исто и консумирањето Баланс+ јогуртот што индиректно придонесува за олеснување на стресот, регулирајќи ги важните процеси во организмот кои се поврзани со психофизичката рамнотежа.

Стресот е предизвикан од хормонот кортизол, иако, поради начинот на кој функционира, кортизолот може да се смета и за корисен хормон, сè додека е само умерено активен и онолку колку што навистина му е потребно на телото. На пример, кортизолот е хормон кој помага да се разбудиме наутро и да го започнеме денот, како и да реагираме брзо и соодветно на итни случаи. Сепак, со оглед на секојдневната изложеност на стресни ситуации, зголемувањето на кортизолот не е секогаш умерено. Првите симптоми на стрес се манифестираат преку нарушување на дигестивниот систем, нарушено варење, несоница, вртоглавица, намален имунитет и болка во градите. Недостаток на концентрација, дефокус, а честопати и слаба меморија, исто така, може да бидат скриени симптоми на стрес. Влијанието на стресот е повеќекратно и врз многу процеси и делови од телото. Болките во вратот и рамото, и мигрената се последица на хроничен стрес, исто како и вознемиреноста и чувството на непријатност. Стресот негативно се одразува и на срцето, го зголемува крвниот притисок, што може да предизвика некои срцеви заболувања. Имунолошкиот систем слабее кога е под стрес, и ова може да биде најзагрижувачката состојба, бидејќи имунолошкиот систем треба да го одбрани телото од вируси. Хроничниот стрес доведува до намалување на нивото на лимфоцитите во крвта, слабеење на имунолошкиот систем и отпорноста на телото на болести. Поради ова, стресот е често причина за настинки, грип и други болести чие „отфрлање“ е одговорност на имунитетот.

Невозможно е целосно да се избегне стресот, но со правилен став, здрави навики и добро балансирана исхрана, негативните последици од стресот можат да се минимизираат. Витамините во форма на овошје и зеленчук и приготвената храна се клучни за здравјето на организмот. Витамините се најважни за елиминирање на стресот посебно групата Б, кои го штитат нервниот систем и имаат смирувачки ефект врз телото и умот и се исклучително ефикасни во олеснување на вознемиреноста, несоницата и напнатоста. Витаминот Б5 е клучен за борба против стресот, додека Б6 помага во функционирањето на нервниот систем и одржување на психо-физичката рамнотежа. Стресните ситуации влијаат врз падот на нивото на витамин Ц во организмот, затоа важно е редовно консумирање јагоди, киви, црвени пиперки, домати и друго овошје и зеленчук што го снабдуваат организмот со овој витамин. Магнезиумот е, исто така, многу важен за одржување на здрав нервен систем, со што се намалува исцрпувањето, хроничниот стрес и вознемиреноста што произлегува од тоа. Докажано, и тоа со клиничка студија дека го намалува стресот е јогуртот Баланс+, како пијалак што не се подготвува, лесно и често со секој оброк може да се консумира. Пробиотиците, присутни во Баланс+ го зголемуваат присуството на добри бактерии во организмот, што ја намалува вознемиреноста и стресот. Бидејќи ова е единствениот јогурт на пазарот кој е клинички тестиран, неговите ефекти се докажани со консумирање 500g како препорачан внес на дневна основа.

Со вежбање неколку пати неделно, значително се намалува стресот. Јогата и пилатесот се идеални за ослободување од стресот а подеднакво се корисни и трчањето, возење велосипед или брзото одење.

Стресот на улица, во канцеларија, па дури и во домот е неминовен, но тоа не значи дека треба да се препуштиме не стресот. Со неколку здрави навики, витаминска исхрана и две чаши Баланс+ јогурт, физичка активност и позитивен став денот ќе биде полесен и поубав и стресот ќе исчезне.

Прегледи:
511
Објавено на:
08.05.2020