Категории

Послушајте ги овие совети на експертите и имајте го најдобриот секс во животот

Без оглед на тоа дали вчера сте се впуштиле во нова сексуална врска или имате партнер со години, па и децении, за сексот секогаш можете да научите нешто ново. Можете да го сфатите како доживотна лекција за усовршување.

За некој добар совет секогаш можете да ја прашате вашата пријателка. Но, дали некогаш сте се запрашале кој совет би ви го дале експертите од областа на сексологијата, терапевтите за секс и другите личности на кои разбирањето на секс им е – работа? Во продолжение откријте што би ви препорачале тие…

Дознајте што сака партнерот

Сакате што подобар секс? Прашајте го партнерот што сака и што му одговара во одреден момент и обратно. Ќе има доволно прашања: „Дали е добра брзината?“, „Побавно?“, „Посилно?“… Таквите прашања ќе ви го направат сексот уште подобар. Со нив ќе добиете клучни информации за тоа како да се задоволите меѓусебно.

Барајте го она што го сакате

Немојте да се плашите од партнеротда го побарате она што го сакате. Без оглед на тоа дали сте конзервативен тип или имате некои фетиши… Никој не може да ви ги чита мислите и да знае за што сте расположени во моментот, освен ако не му го кажете тоа.

Упатствата како:„Допирај ме тука“ или „Не престанувај“ и слично, треба да станат нешто сосема нормално.

Запознајте се себеси

Истражете го секое делче од вашето тело. Научете што ви се допаѓа, а што не. Често мастурбирајте, испробајте сами разни техники. Со таа самодоверба и знаење што точно сакате, полесно ќе се опуштите и ќе комуницирате со партнерот.

02-soveti-eksperti-seks

Грижете се за себе

Самодовербата е многу важна кога станува збор за сексот, а таа секако доаѓа од вас самите. Без оглед на годините – немојте да се запуштите. Грижете се за хигиената и депилацијата (по избор), облечете провокативна долна облека, негувајте го вашето тело… Не треба да бидете совршени за да се чувствувате посакувано и убаво, но секако немојте да се запуштате.

Прегледи:
475
Објавено на:
18.08.2016