Категории

Посна крем салата за престојните посни празнични трпези

Овој пат ви даваме предлог посна салата за престојните празнични трпези. Како мала промена од здодевното посно мени, ни доаѓа оваа крем салата, која речиси и не се разликува од вообичаено мрсните крем салати. 

Потребни состојки:

  • 2 конзерви од по 150 гр туна во масло
  • 1 морков
  • исечкани маслинки
  • 4 лажици пченка од конзерва
  • 4 лажици маринирани печурки
  • 4 лажици замрзнат грашок
  • 4 лажици посен мајонез
  • 2 кисели краставички
  • зачинето по вкус (сол, бибер)

Сварете ги морковот, исецкан на коцки, грашакот и макароните, во солена, зачинета вода. Исцедете ги и ставете ги да се оладат.
Ставете ги во сад, потоа додајте ја туната исцедена малку од маслото и останатиот зеленчук. Додајте го посниот мајонез, измешајте убаво и зачинете по желба. Салатата е спремна за сервирање.