Категории

Посни ситни колачи: Марципан со ореви! (РЕЦЕПТ)

Никој нема да забележи дека ова се посни колачи пред да му кажете!

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 350 гр шеќер
  • 160 гр ореви
  • 160 гр кекси
  • 150 гр посен маргарин
  • малку екстракт од рум

Фондан:

  • 250 шеќер во прав
  • 4 лажички жешка вода
  • 1 лажичка масло
  • 1 лажичка сок од лимон

Подготовка:

Во лонец ставете шеќер додадете вода па кога ќе зоврие додадете сечкан маргарин. Оревите и кексот измелети ги и додадете ги во лонецот. Додадете и неколку капки рум. Сето тоа добро измешајте го и разлијте го во плех кој сте го обложиле во хартија за печење и израмнете. Оставете го на ладно околу 2 часа. Во подлабок лонец ставете го шеќерот во прав додавајќи вода и додека мешате додадете го сокот од лимон и маслото. Разлијте преку оладениот колач и израмнете. Оставете негде на промаја еден ден за глазурата да се стегне и исуши. Сечете во правоаголна форма и уживајте!

Прегледи:
1605
Објавено на:
12.04.2019