Категории

Пост-маратонска забава: „Скопје BackUp Maратон“ во Бекјард

За утре, 7-ми мај, е закажан Скопскиот маратон. Ова ќе биде најмасовниот маратон досега, бидејќи има пријавено рекорден број на учесници, а учествуваат маратонци од преку 50 земји. 

Што откако убаво ќе се истрачме? Одиме во BackYard Lounge Bar & Kids Area на мала забава со бургери, пиво и музика.

 

Бекјард не кани на Скопје BackUp Maратон после пар истрчани километри, како дел од несекојдневните навики, на отворениот евент кој потекнува од граѓанската организација за здрав (лабав) живот, точено пиво, кул музиче и бургери на 30% попуст.

Задолжен за музичкиот дел ќе биде DJ Mawrteen, а на вас останува само да дојдете и да уживате.