Категории

Поставете ѝ ги овие 50 прашања и дознајте сè за нејзиниот карактер

Секој човек си носи своја приказна со себе. Луѓето не треба веднаш да се оценуваат, затоа што многумина, длабоко во себе, ги кријат своите вистински чувства. Однадвор можеби изгледаат ладни и незаинтересирани, а всушност се премногу емотивни и се плашат да ги откријат своите емоции. Создаваат заштитни оклопи под кои ги чуваат своите треперливи срца. Доколку вистински сакате да запознаете некоја девојка, не судете веднаш по нејзиниот изглед и однесување. Дајте ѝ време во кое таа ќе стекне одредена доверба во вас, а во текот на запознавањето и продлабочувањето на вашиот однос, поставете ѝ ги овие 50 прашања. Нејзините одговори ќе ви откријат многу за нејзината личност.

1. Која работа што ти се случила те направила посилна личност?

2. Која работа што ти се случила во животот те направила послаба личност?

3. Кое е местото каде што можеш да бидеш вистинската ти?

4. Кое е твоето омилено место за бегство?

5. Кој мислиш дека имал најголемо влијание врз тебе, за да бидеш оваа личност денес?

6. Кога би можела да смениш една особина кај себе што би било тоа?

7. Кога би имала уште само еден ден за живеење, што би направила прво?

8. Во која декада мислиш дека најмногу припаѓаш?

9. Кој член од семејството ти е најблизок? Зошто?

10. Која е личноста која најдобро те познава?

11. Која е твојата најдобра особина во однос на твојот најдобар пријател?

12. Кога беше помлада што посакуваше да бидеш кога ќе пораснеш?

13. Со кој измислен лик од книга, ТВ серија, филм, би се споредила?

14. Дали лесно прифаќаш комплименти? Или едноставно ги мразиш?

15. Твојата омилена карактеристика се однесува на физичкиот изглед или на карактерот?

16. Што ти се допаѓа најмногу во врска со твојот физички изглед?

17. Што ти се допаѓа најмногу во врска со твојот карактер?

18. Дали веруваш во љубов на прв поглед?

19. Дали веруваш во сродна душа?

20. Колку сериозно го доживуваш хороскопот?

21. Дали некогаш си била вљубена? Колку пати?

22. Поради што се вљубуваш во момците?

23. Што значи ранливоста за тебе? Што би те направило тебе ранлива?

24. Кое прашање се плашиш да им го поставиш на момците, а навистина би сакала да го слушнеш одговорот?

25. Кога би била машко на еден ден, која е првата работа што би ја направила?

26. Што ти е најпривлечно кај мажите, а што кај жените?

27. За што си особено заинтересирана и би сакала да научиш повеќе работи за тоа?

28. Која е работата којашто никогаш не си ја направила, а толку многу ја посакуваш?

29. Зошто досега не си го направила тоа?

30. Доколку парите воопшто не ти се важни, која е професијата од твоите сништа?

31. Кога би добила слободен ден од работа, како би го искористила времето?

32. Што те расплака последен пат?

33. Што те насмеа последен пат?

34. Кое е твоето најубаво сеќавање?

35. Која е последната работа поради која навистина се засрами?

36. Кој е твојот најголем страв

37. Дали се каеш поради нешто? За што најмногу?

38. Дали некогаш си прекршила некој закон? Доколку одговорот е „не“, тогаш што би сакала да направиш што е над законот?

39. Која е најлудата работа што некогаш си ја направила?

40. Дали некогаш си разговарала со сосема непознат човек?

41. Дали би му кажала на непознат човек дека на пример, му се влече тоалетна хартија под чевелот или дека фустанот на некоја жена одзади ѝ е фатен во долната облека?

42. Која ти е омилена шега?

43. Дали повеќе сакаш кучиња или мачки?

44. Кога би можела да бидеш животно, во што би избрала да се претвориш?

45. Постои ли ТВ серија, филм или книга, за кои ти е срам да признаеш дека навистина уживаш во нив?

46. Како те опишуваат твоите родители кога си била мала?

47. Кога би можела да се вратиш во одреден период од твојот живот, кој период би бил тоа?

48. Што е она во што веруваш, иако многумина не се твои истомисленици?

49. Што те прави поразлична од останатите?

50. Што мислиш дека ти недостига во животот?

Прегледи:
685
Објавено на:
12.08.2016