Категории

Постои едно африканско племе кое го негува најубавиот обичај на светот…

Постои едно африканско племе кое го негува може најубавиот обичај на светот. Тие веруваат дека човекот е духовно суштество кое има во суштина само две потреби, а тоа е да сака и да биде сакан.

Доколку некој делува погрешно и лошо меѓу нив, тие на тоа гледаат како на крик за помош на таа личност, која се одвоила од својата изворна природа на добрината и бара љубов на погрешен начин. Тие сакаат да го потсетат на тоа.

Тие доаѓаат по личноста која згрешила, ја одведуваат во центарот на селото, каде што се собира цело племе и наредните два денови ги поминуваат зборувајќи и на таа личност за сите добри работи кои ги постигнала и направила во животот.

Тие се соединуваат во намерата да ги охрабрат, подигнат, повторно да ги поврзат со својата вистинска природа, да ги потсетат на она што навистина се!

Тие му помагаат на својот ближен сѐ додека не ја сфати вистината која ја заборавил додека грешел, а таа гласи: „Јас сум добар“. Нивниот поздрав е „Nabajyotisaikija“, што значи „Те почитувам, ти вредиш!“.

Како одговор, луѓето изговараат „Shikoba“, што значи „Поради тоа јас постојам за тебе.“