Категории

Постои начин да изгубите килограми, но да ги задржите облините!

Ја корегиравте вашата исхрана и почнавте да вежбате за да се подготвите за летниот одмор. Меѓутоа, се плашите со губењето на вишокот килограми да не ги изгубите и облините кои се главен одраз на вашата женственост.

Кај многумина се случува со намалувањето на салото на стомакот да се намали и обемот на градите. Тоа зависи од вишокот масти во градите. Кај некои луѓе, со губењето на килограмит се намалува и задникот. Брзината со која ги губите килограмите не влијае врз еластичноста на вашите гради, но влијаат килограмите кои ќе ги изгубите. Доколку изгубите многу килограми, кожата се олабавува и гравитацијата го прави своето.

Ако во текот на процесот на слабеење најмногу се грижите дали деколтето ќе ви остане бујно, а вашиот задник затегнат, потои решение за тоа.

Треба да правите вежби за гради, како бенч и склекови. Освен овој вид на тренинзи, се препорачуваат ии јога вежбите – кобра или камила.

Ист е случајот и со задржување на задникот. Ако сакате да го сочувате, најдобро е да правите клекнувања и останатите вежби кои ги активираат мускулите на задникот.