Низ вековите мажите сметале одреден специфичен степен на искривеност за привлечен, а тоа се должело на ефектот кој го имал врз жената, односно способноста на жената да пронајде храна и да раѓа деца.
Dr. Lewis вели дека поставеноста на ‘рбетот од 45 степени им дозволува на жените да бараат храна и во подоцнежната бременост и да имаат повеќе деца без да го повредат грбот.
Жените кои го немаат овој наклон на рбетот едвај можат да се движат во периодот на бременоста, на тој начин се зголемува притисокот на колковите дури за 800%.
Па така, од нешто што претставувало еволутивен бенефит за жените сега се всадува и во умовите на мажите.
Според ова, се чини дека основната причина поради која мажите секогаш се во потрага по жена со голем задник е потсвесно поврзана со забременувањето и зголемената активност за време на бременоста.
Со други зборови, машкиот ум е програмиран да верува дека жената со голем задник и заоблен рбет е идеален партнер. Оваа студија најпрво беше објавена во списанието Еволуција на човековото однесување.
1 2