Категории

Постојат денови кога ми требаш повеќе отколку јас тебе, дете мое…

Постојат денови кога ми требаш повеќе отколку јас тебе, дете мое.

Постојат денови кога сум толку уморна, толку обесхрабрена и фрустрирана со сѐ и сакам само да лежам покрај тебе и да ги затворам очите додека ти со твоите мали прстиња ми поминуваш низ косата.

Постојат денови кога твојата прегратка толку ми го грее срцево што ми дава нова сила, иако мислев дека тоа не е возможно.

Ти си онаа која најдобро ме познава. Онаа која девет месеци го слушаше чукањето на моето срце. Онаа која ја сакав и кога сѐ уште ја немав видено. Онаа која ја посакував повеќе од сѐ. Онаа која ме направи најсреќна на свет.

Дете мое, ти благодарам што си покрај мене, што можам да легнам покрај тебе и мирно да спијам. Прости ми за деновите кога трпиш сѐ поради мене, посакувам да има што помалку такви денови.

(Мама)

Прегледи:
761
Објавено на:
01.12.2021