Категории

Постојат само 4 вида љубовни врски: Каква е вашата?

Секоја љубовна врска е различна. Можеби сте од оние парови кои постојано си искажуваат љубов или пак од оние кои најромантичното нешто што го направиле заедно е гледањето филмски маратон по пижами. Но, и покрај тоа што сите врски се разликуваат, најновите истражувања откриваат дека постојат само 4 вида љубовни врски. Во продолжение прочитајте за што станува збор и обидете се да ја сместите вашата врска во некоја од следниве категории…

1. Драматични врски

34% од испитаните врски припаѓаат во оваа категорија. Овој податок не е баш позитивен. Драматичните врски се одликуваат со низа промени во односот меѓу партнерите. Во еден момент тие се загреани еден за друг и се сакаат најмногу на светот за одеднаш да се премислат и да одлучат дека им треба повеќе простор. Знаете кои за кои парови зборуваме, нели? Оние кои постојано раскинуваат и се смируваат, почнуваат сериозна врска, па се договараат да имаат врска без обврски и така до бесконечност.

Драматичните врски навистина се многу драматични! Кај паровите во ваква врска постојат два пати поголеми шанси за раскинување за разлика од другите парови. Имајте го на ум ова нареден пат кога вашиот партнер ќе посака да направите пауза. Нормално е ова да се случи еднаш, но повеќе пати? Може ли вашето срце да ја поднесе сета таа драма?

2. Врски без конфликти

12% од врските припаѓаат во оваа категорија. Паровите во ваквите врски можат да забележат промени во односот, но не толку често. Кај овие парови постојат одредени проблеми за кои тие не сакаат да разговараат и тоа ги спречува да напредуваат во врската и да стапат во брак или нешто посериозно. Паровите кои имаат врска без конфликти можат да живеат заедно со години без да одлучат да се венчаат, бидејќи постојат одредени проблеми меѓу нив кои треба да ги решат за да можат да го направат следниот чекор. Истражувањата покажале дека кај овие парови постојат помали шанси за раскинување, најверојатно поради тоа што за да прекинат би требало да разговараат за проблемите, а тие одбиваат да го сторат тоа.

3. Врски кои зависат од други луѓе

19% од врските припаѓаат во оваа категорија. Паровите со вакви врски донесуваат големи одлуки за нивната иднина во зависност од мислењето на нивните семејства и пријатели. Се сакате со партнерот, но сѐ уште не сте решиле да живеете заедно бидејќи неговата мајка не ве одобрува, а татко ви не престанува да му праќа строги погледи. Овие парови можеби ќе напредуваат малку побавно од останатите, но и кај нив постојат помали шанси за раскинување.

4. Врски во кои вниманието е насочено кон партнерот

30% од паровите припаѓаат во оваа група врски. Во овие врски партнерите го насочуваат вниманието кон саканата личност, а не кон драмата, обидувајќи се да ги игнорираат проблемите и грижејќи се за туѓите мислења. Ова се врските кои се најуспешни. Доколку сакате да изградите нешто посебно со саканата или саканиот, треба да им обрнете внимание и да ги слушате. Секако дека не треба целиот ваш живот да се врти околу партнерот, но секоја сериозна врска бара многу работа и труд. Не плашете се да го направите она што е потребно за да ја одржите стабилноста и хармонијата во љубовната врска.

Прегледи:
464
Ознаки:
· ·
Објавено на:
27.01.2017