Категории

Потиснувањето на тагата и лутината доведува до овие болести

Психолозите тврдат дека потиснувањето на емоциите го уништува здравјето

Многу луѓе мислат дека во животот е подобро да се премолчи отколку да се влезе во судир со други луѓе. Меѓутоа една студија докажува дека тоа остава трајни последици по нашето здравје.
Резултатите од истражувањето во кое учествувале 300 жени покажало дека потиснувањето на емоциите влијае врз здравјето на срцето и создава и други потешкотии како стрес, а со време може да резултира и со агресија и депресија.

Држењето на емоциите во себе поради избегнување на расправии влијае и на кардиоваскуларните компликации. Луѓето кои имаат срцеви проблеми може да имаат зголемен ризик од мозочен удар или други болести.

„Кога и да чувствувате лутина, фрустрација или тага, не потиснувајте ги, не создавајте дополнителен стрес на вашето тело. Тогаш може да дојде до зголемено ниво на хормонот стрес а тоа доведува до намален имунитет и лошо размислување. Со текот на времето стресот доведува до дијабетес, проблеми со помнењето, агресија и депресија“ вели психологот Емили Робертс.

Прегледи:
363
Објавено на:
16.10.2019