Нив едноставно тоа им е природно секогаш да привлекуваат со својот шарм и отвореност. Еве кои се тие:
Овен
Никој не е толку самоуверен колку Овен и нека не ве чуди што луѓето родени во овој хороскопски знак се секогаш најзабавните во просторијата. Лесно е да се препознае Овенот во толпата луѓе едноставно по неговата самодоверба која се издвојува од сите. Тие не се обидуваат да привлечат внимание по никоја цена, но знаат како целото внимание да припаѓа на нив. Сакаат кога луѓето им се воодушевуваат и сакаат да бидат како нив.
Близнаци
Близнаците се многу душтвени. Нивниот живот е возбудлив и секогаш исполнет со многу забава и пријатели. Ако слушнете некој како зборува за некое лудо доживување кое се случило во текот на викендот, бидете сигурни дека во прашање е Близнак. Близнаците чесно знаат како да стекнат нови пријатели, дури и додека стојат на ред за во тоалет во преполн ноќен клуб. Иако припадниците на овој знак се секогаш во центарот на вниманието, тоа не им е доволно па секогаш се во потрага по разговор кој може да понуди многу повеќе.
Лав
Лавовите се доминантни и едноставно не можете да ги игнорирате. Тие исто така се и многу драматични, а што значи тоа? Тоа значи дека ако не им посветите доволно внимание, Лавовите ќе направат тоа да го направите по секоја цена. Дури се спремни и да се „изглупираат“ во друштвото или во јавноста само да би привлекле внимание.