Категории

Поучна приказна: Бидете трпеливи, што е ваше ќе си дојде!

Буда заедно со своите ученици патувал пешки низ една огрома планина. Патот бил долг и тежок. Учениците ожеднале, немале повеќе вода. По патот налетале на едно изворче, па потикнати од големата жед учениците почнале да трчаат кон изворот и се буткале еден со друг за кој да се напие прв вода. Така ја разматиле водата. Почнале да се чудат што да прават.

Буда им наредил да излезат од водата и да го продолжат патот.

Учениците биле премногу жедни, па го молеле да се вратат кај изворчето, но Буда не одговорил ништо.

Кога после неколку часа нашле ново изворче, учениците повторно трчајќи ја разматиле водата и веќе не била добра за пиење. Во тој миг Буда испратил еден од учениците да се врати на првиот извор и да наполни вода.

Кога ученикот стигнал до првото изворче, водата била бистра, калта се наталожила на дното…

Некои работи не се прават со сила, не напнувајте, бидете трпеливи, оставете Судбината да си ја заврши својата работа, не и го попречувајте патот со своите непромислени дела. Единствено што треба е да почекаш! Се што е твое ќе си дојде!

Прегледи:
600
Објавено на:
08.07.2016